Фестивалот „100 Илјади поети за промена“ во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ ги распиша годишните конкурси за поезија и плакат/постер за своето деветто издание.

Поезијата со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со промените, глобално, но и локално. Секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се испраќаат на фејсбук-профилот на оваа манифестација или на poetizapromena@gmail.com најдоцна до 1 септември 2019 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата што ја одредува организацискиот одбори здружението. Селектираните автори потоа ќе бидат застапени во зборникот „100 Илјади поети за промена“ – Македонија, кој ќе биде издаден во склоп на манифестација. Сите останати пристигнати песни ќе бидат објавени на официјалниот сајт на „100 Илјади поети за промена“.

Покрај ова, организаторите објавија конкурс и за дизајнерско решение на постери/плакати кои ќе бидат дел од групна изложба во рамки на фестивалот.

„100 Илјади поети за промена“ е меѓународна манифестацијата, а организирањето е поддржано од Општина Струмица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.