17 ФЕВРУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 Ч.
МЕДЕНА ЗЕМЈА
(Honeyland)
Документарен филм, Македонија
2019, 90 мин., колор, ДЦП
Режија: Тамара Kотевска, Љубомир Стефанов (Tamara Kotevska, Ljubomir Stefanov)
Улоги: Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сам (Hatidze Muratova, Nazife Muratova, Hussein Sam)
Атиџе, последната одгледувачка на диви пчели во Европа, се соочува со опасност кога во околината облагородена со природен баланс ќе се насели многучлено семејство кое ќе се обиде да ѝ ја преземе трговијата со мед.
Низ супериорна визуелна нарација и маестрална монтажа, филмот за „медената земја“ нѐ опоменува дека сите наши постапки си имаат последици по човештвото во иднина. По подолго време – конечно – фантастичен филмски продукт од ова поднебје, кое како трајна вредност го препознава целиот свет.
Фестивали и награди: Sundance Film Festival 2019 – Најдобар документарен филм, кинематографери и награда „Impact and change“; DocsBarcelona 2019 – Најдобар документарен филм; DocAviv Film Festival 2019 – Најдобар документарен филм; Montclair Film Festival 2019 – Најдобар документарен филм…
Возрасна категорија: 12 години
Влезница: бесплатен влез
17 ФЕВРУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 Ч.
ВЛАКНЕСТА ПРИКАЗНА
(Maskhare Baz / A Hairy Tale)
Игран филм, Иран
2019, 100 мин., колор, блуреј
Режија: Амир Хомајон Ганизадех (Amir Homayoun Ghanizadeh)
Сценарио: Амир Хомајон Ганизадех (Amir Homayoun Ghanizadeh)
Улоги: Сабер Абер, Бабек Хамидиан, Мохсен Хосеини (Saber Abar, Babak Hamidian, Mohsen Hosseini)
Данеш работи во берберница и сонува да стане актер. Манферед е агент за актери кој би го претставилл Данеш кај познат режисер, но под услов да собере доволно долги влакна за да се користат како перики. Во исто време серија убиства ги загрижуваат сите. Кој е убиецот и дали берберницата е вмешана во убиствата на кој било начин?
ВЛАКНЕСТА ПРИКАЗНА е режисерско деби на младиот Амир Хомајон Ганизадех, кој има остварувања и како филмски актер.
Фестивали: Fajr Film Festival; Minsk International Film Festival.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: бесплатен влез
18 ФЕВРУАРИ (ВТОРНИК), 18:00 Ч.
ВРБА
(Willow)
Игран филм, Македонија / Унгарија / Белгија
2019, 101 мин., колор, ДЦП
Режија: Милчо Манчевски
Сценарио: Милчо Манчевски
Улоги: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев, Камка Тоциновски, Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ
ВРБА е шестиот долгометражен филм на Милчо Манчевски, и во него се испреплетуваат три приказни за љубовта и довербатa: едната од македонското средновековие, a другите современи. Иако ги раздвојуваат векови, ликовите во ВРБА имаат слични грижи, радости и соништа.
ВРБА е љубовен филм за денешни и дамнешни души, приказна за три македонски жени кои не го менуваат светот или општеството, но нивната борба да станат мајки ги прави хероини во филмот. Трите приказни се огледуваат една во друга и се надополнуваат, истражувајќи теми на љубов, доверба и мајчинство. Во приказната за Донка, сместени во Средниот век, актерите зборуваат на дијалект, па така гледачите имаат можност подиректно да го доживеат македонскиот архаичен јазик полн со народни умотворби, баења, клетви и магии. Руралната атмосфера е прикажана преку филмските кадри со пејзажите на мариовски села Штавица, Дуње и Зович, потоа Трескавец и Преспанскиот Регион…
Музиката ја потпишува Кирил Џајковски, дизајнер на продукција е Дејвид Манс, директор на фотографија е Тамаш Добош, а продуцент на филмот е Јане Ќортошев. Филмот е во продукција на „Банана филм“ и е македонско-унгарско-белгиска копродукција, со учество и на Албанија.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: бесплатен влез
18 ФЕВРУАРИ (ВТОРНИК), 20:00 Ч.
ИНВАЗИЈА
(Invasion)
Игран филм, Иран
2017, 102 мин., колор, блуреј
Режија: Шахрам Мокри (Shahram Mokri)
Сценарио: Насим Ахмадпур, Шахрам Мокри (Nasim Ahmadpour, Shahram Mokri)
Улоги: Абед Абест, Елахе Бахши, Бабак Карими (Abed Abest, Elaheh Bakhshi, Babak Karimi )
Во период на едно долго затемнување (еклипса) на Сонцето, непозната болест е широко распространета. Али е обвинет за убиството на Саман во еден клуб и полицијата ќе организира реконструкција на убиството.
Полицијата го одведува младиот човек на местото на злосторството, каде што убил уште еден млад човек. Сè изгледа прилично едноставно и полицијата само треба да го реконструира чинот на убиството и да го затвори случајот. Сепак, убиецот и неговите пријатели се на локацијата и всушност планираат повторно да извршат убиство: тие сакаат да ја убијат сестрата близначка на убиениот човек. И нивниот мотив е побанален отколку што би помислил некој…
Фестивали: Berlin International Film Festival (во конкуренција за наградите C.I.C.A.E. и Teddy)
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: бесплатен влез
19 ФЕВРУАРИ (СРЕДА), 18:00 Ч.
ИСЦЕЛИТЕЛ
(Secret Ingredient)
Игран филм, Македонија,
2017, 104 мин, колор ДЦП
Режија: Ѓорче Ставревски (Gjorce Stavreski)
Сценарио: Ѓорче Ставревски (Gjorce Stavreski)
Улоги: Благој Веселинов, Анастас Тановски, Аксел Мехмет ( Blagoj Veselinov, Anastas Tanovski, Aksel Mehmet)
ИСЦЕЛИТЕЛ е филм на Ѓорче Ставрески, кој е истовремено и сценарист и продуцент на филмот, како и монтажер на звукот. ИСЦЕЛИТЕЛ е филм што балансира меѓу семејна драма, црна комедија и социјален коментар.
Веле (Благој Веселинов), механичар од железничко депо, немајќи пари да купи лекови, му дава на татко му Саздо (Анастас Тановски) колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак, меѓутоа е притиснат од криминалците кои си ја бараат дрогата назад и од соседите-душкала, кои во него гледаат нова надеж, исцелител.
Исцелител е добитник на повеќе награди и признанија. На својата премиера на Солунскиот филмски фестивал во 2017, филмот ја доби наградата од публиката, со што стана прв македонски филм со ваква награда. Добитник е и на специјалната награда од жири за сценарио на 17-тото издание на Медитеранскиот филмски фестивал во Брисел.
Возрасна категорија: 12 години
Влезница: бесплатен влез
19 ФЕВРУАРИ (СРЕДА), 20:00 Ч.
ОВЦИ
(Maghzhaye Koochake Zang Zadeh / Sheeple)
Игран филм, Иран
2018, 103 мин., колор, блуреј
Режија: Хоуман Сеједи (Houman Seyyedi)
Сценарио: Хоуман Сеједи (Houman Seyyedi)
Улоги: Навид Мохамадзадех, Фархад Аслани, Фарид Саџади Хосеини (Navid Mohammadzadeh, Farhad Aslani, Farid Sajjadi Hosseini)
Англискиот наслов на филмот „Sheeple“ означува луѓе кои се поводливи како стадо овци. ОВЦИ на режисерот Хоуман Сеједи, кој има и актерски остварувања на филм, е приказна за бандата дилери на наркотици на југот на Техеран, која била и своевидно засолниште за многу млади и сирачиња од улиците.
Браќата Шахин и Шакур се водачи на бандата, но кога таа ќе се распадне, тоа создава криза во нивното семејство и нивните животи. Двајцата браќа прават „кристал мет“ (синтетичка дрога од поновата генерација, со силно дејствие) во скриена лабораторија среде урбаната џунгла на Техеран. Меѓутоа, тие се грижат и за честа на нивното соседство. Одеднаш, мобилните снимки на телефонот на нивната сестра започнуваат да се шират насекаде, што предизвикува чудни инциденти…
Фестивали: Dubai International Film Festival; Fajr Film Festival; Hafez Ceremony
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: бесплатен влез
20 ФЕВРУАРИ (ЧЕТВРТОК), 18:00 Ч.
ГОСПОД ПОСТОИ, ИМЕТО Ѝ Е ПЕТРУНИЈА
(God Exists Her Name Is Petrunya)
Игран филм, Белгија, Хрватска, Франција, Македонија, Словенија
2019, 100 мин., колор, ДЦП
Режија: Теона Стругар Митевска (Teona Strugar Mitevska)
Сценарио: Теона Стругар Митевска, Елма Татарагиќ (Teona Strugar Mitevska, Elma Tataragić)
Улоги: Зорица Нушева, Лабина Митевска, Петар Мирчевски, Виолета Шапковска, Симеон Мони Дамевски, Суад Беговски, Илија Волчески, Стефан Вујисиќ, Андријана Колевска,Владимир Тулиев
(Zorica Nusheva, Labina Mitevska, Petar Mirchevski, Violeta Shapkovska, Simeon Moni Damevski, Suad Begovski, Ilija Volcheski, Stefan Vujisic, Adrijana Kolevska, Vladimir Tuliev)
Во Штип, секој јануари по повод христијанскиот празник Водици, локалниот свештеник фрла дрвен крст во реката и стотина мажи се нурнуваат по него. Добра среќа и просперитет се загарантирани за оној кој ќе го фати. Овој пат, Петрунија скока по крстот и успева да го дофати пред другите. Останатите натпреварувачи се бесни, како се осмелува една жена да учествува во нивниот ритуал? Се превртуваат небо и земја, но Петрунија цврсто стои на земја – таа го фати крстот и нема да го предаде.
Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ се снимаше 6 недели во Штип во текот на јануари и февруари 2018. Монтажата се одвиваше во Белгија, а звукот, лабораторијата и музиката во Белгија, Франција и Словенија.
Филмот ГОСПОД ПОСТОИ, ИМЕТО Ѝ Е ПЕТРУНИЈА се натпреваруваше во главната конкуренција на Берлинскиот филмски фестивал, како и на десетина престижни фестивали во светот. Филмот е добитник на дузина фестивалски награди и признанија.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: бесплатен влез
20 ФЕВРУАРИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 Ч.
ТЕМНАТА СОБА
(Otaghe Tarik / The Dark Room)
Игран филм, Иран
2018, 97 мин., колор, блуреј
Режија: Рухолах Хејази (Rouhollah Hejazi)
Сценарио: Рухолах Хејази (Rouhollah Hejazi)
Улоги: Сарех Бајат, Саед Сохеили, Алиреза Мирсалари (Sareh Bayat, Saed Soheili, Alireza Mirsalari)
Халех и Фарад, заедно со нивниот петгодишен син Амир, неодамна престојувале во нов комплекс. Амир ќе се изгуби во пустината околу комплексот, меѓутоа, неговите родители наскоро го наоѓаат. Подоцна, Амир му кажува на татко му дека некој непознат го набљудувал додека бил изгубен. Тоа го прави Фарад многу вознемирен и го бара сомнителното лице кое можеби сексуално го малтретирало неговиот син…
Фестивали. Hafez Ceremony, Kerala International Film Festival (награда за најдобар филм)
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: бесплатен влез
22 ФЕВРУАРИ (САБОТА), 18:00 Ч.
ТУКА
(Iro / Here)
Игран филм, Иран
2018, 82 мин., колор, блуреј
Режија: Хади Мохагег (Hadi Mohaghegh)
Сценарио: Хади Мохагег (Hadi Mohaghegh)
Улоги: Махијар Аберон, Мохамад Азаракш, Хамдолах Азизи (Mahyar Aberoon, Mohammad Azarakhsh, Hamdollah Azizi)
Приказна за три генерации мажи во едно семејство.
Ноќ е и сè се случува во бескрајна тишина. Осамениот и уморен старец се шета наоколу. Неговата немирност докажува колку длабоко бил опседнат со неговите проблеми и агонија. Тој размислува да го спаси својот син, Сохраб. Сепак, сите врати се затворени.
Вклучен е во циклус на секојдневниот живот, но иако е одлучен, сепак не е во можност да смени ништо. Успева да го врати својот внук дома, а и покрај сите напори, неговиот синот е егзекутиран. Тој го зема телото на својот син, кој изгледа како бела топола, и го носи преку планините и реките, за да го погреба дома…
Фестивали: Beijing International Film Festival; International Film Festival of India
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: бесплатен влез
22 ФЕВРУАРИ (САБОТА), 20:00 Ч.
АСТИГМАТИЗАМ
(Astigmat / Astigmatism)
Игран филм, Иран
2018, 82 мин., колор, блуреј
Режија: Пајам Карами, Маџид-Реза Мостафави (Payam Karami, Majid-Reza Mostafavi)
Сценарио: Маџид-Реза Мостафави (Majid-Reza Mostafavi)
Улоги: Мохсен Киаје, Баран Кошари, Махтаб Насирпур (Mohsen Kiayee, Baran Kosari, Mahtab Nasirpour)
Маж се враќа дома по неколкугодишна разделба од семејството. Сака да си ја поврати својата куќа од сопругата, синот, снаата и внукот. Неговиот син, кој одгледува пијавици во подрумот и се надева дека ќе се збогати со тоа, се обидува да ги помири татко му и мајка му, за да остане дома. Но, неговата мајка има намера да се омажи за некој друг човек. Внукот кој има само 9 години, се за вљубува во својата учителка на училиште: тоа предизвикува проблеми и кај момчето и кај семејството на учителката.
Фестивали: Hafez Ceremony
На проекцијата ќе присуствуваат Сејед Маџид Реза Мостафави, режисер на филмот, и г-ѓа Марџан Мехраби, асистент на режија.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: бесплатен влез
23 ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА), 18:00 Ч.
РАЗВОД ЗАРАДИ МАЧКИ
(Talagham bedeh be khater-e gorbeh-ha / Divorce me because of the cats)
Игран филм, Иран
2018, 72 мин., колор, блуреј
Режија: Мохамад-Али Саџади (Mohammad-Ali Sajjadi)
Сценарио: Мохамад-Али Саџади (Mohammad-Ali Sajjadi)
Улоги: Реза Молаје, Мариам Хематиан (Reza Molaie, Maryam Hematian)
Филмот е базиран на вистинска приказна, за млад брачен пар кој завршува на суд со бракоразводна парница. Кога судијата ги прашува што е причината за разводот, тие ги посочуваат – мачките!
РАЗВОД ЗАРАДИ МАЧКИ е дваесеттиот долгометражен игран филм на ветеранот на иранската кинематографија Саџади. Неговата сторија е социјална драма со интригантен наслов. Дејствието на филмот е поставено во просторијата на судот, а публиката е ставена пред испитот да интерпретира што е реалност, а што е фикција во настаните кои се одвиваат пред неа. Секако, се работи и за тоа колку филмот може да ја долови сложеноста на психата на луѓето од Иран во модерното доба…
Фестивали: Cyrus International Film Festival, Toronto
На проекцијата ќе присуствува Сејед Мохаммад Али Саџади Лариџани, режисер на филмот.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: бесплатен влез
23 ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА), 20:00 Ч.
РЕЗА
(Reza)
Игран филм, Иран
2018, 94 мин., колор, блуреј
Режија: Алиреза Мотамеди (Alireza Motamedi)
Сценарио: Алиреза Мотамеди (Alireza Motamedi)
Улоги: Алиреза Мотамеди, Сахар Долатшани, Солмаз Гани (Alireza Motamedi, Sahar Dolatshahi, Solmaz Ghani)
Алиреза Мотамеди дипломирал персиска литература и веќе 20 години објавува како писател, поет, филмски критичар и сценарист. Тој има напишано сценарија за повеќе од 20 играни филмови и ТВ серии, а РЕЗА е неговиот дебитантски игран филм, во кој ја игра главната улога. Мотамеди има и други актерски остварувања на филм.
Реза и Фати се во брак девет години и одлучуваат да се разведат. Според исламските закони, тие имаат три месеци и десет дена да ја отповикаат својата одлука, во случај да се премислат. Реза е решен да започне нов живот, но Фати одбива да замине од неговиот живот – и неговиот ум. Паралелно со процесот на разводот, Реза започнува да пишува нова книга: тој ја раскажува приказната за неговите предци, кои пред многу години емигрирале во светиот град Исфахан…
Фестивали: Entrevues Film Festival, Hafez Ceremony, Mumbai Film Festival, São Paulo International Film Festival
На проекцијата ќе присуствува Алиреза Мотемеди, режисер на филмот.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: бесплатен влез
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.