Фестивалот на новиот германски филмски пристигнува во Кавадарци. Од 13 до 17 мај 2019 година, Германска Амбасада, Гете-институт Скопје, ПроКредит Банка и Македонски Телеком, по четиринаесетти пат ќе го презентираат „Фестивалот на новиот германски филм“ во Центарот за култура во Кавадарци.
Трагикомедијата „100 работи“ која зборува за тоа колку конзумеризмот нè обзема и колку ги користиме материјалните рaботи за да ги искомпензираме суштинските во режија на Флориан Давид Фиц е филмот кој ќе го отвори фестивалот на 13 мај во 19:30 часот.
Покрај филмот „100 работи“ ќе имате можност да ги погледнете и филмовите „Жешко столче“, „Во време кога светлината згаснува“, „Исход на вистината“, „Љубопитниот Тоби и тајната на нашата планета“, „Тим Талер или момчето што ја продаде својата насмевка“, „Помош, ги смалив родителите“ како и серијалот на кратки филмови. Филмскиот фестивал на новиот германски филм веќе од 14 до 22 мај ќе започне со проекции и во Куманово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.