Како и секој април во текот на изминатите 8 години, сендвичарата „Пепер“ и рубриката за култура „Букбокс“ на порталот офф.нет ја слават врската помеѓу јадењето и читањето. Овој пат на уживањата тие им додаваат и трет елемент – музиката.
Главната тема оваа година е „Книги и музика“. Принципот е едноставен и ист како и претходно: секој носи домашно приготвено солено или благо што асоцира на главната тема, тоа се поставува на заедничката софра, а потоа со гласање на присутните се одредуваат и наградуваат трите најдобри дела. На учесниците им е оставено да изненадат со своите вештини и фантазија. Настанот е закажан за 19.4 (петок) од 17 часот, а делата треба да бидат донесени најдоцна до 18 часот.
Оваа година предвид би можеле да дојдат книги за музика, такви напишани од познати музичари, нивни автобиографии и биографии, дела кои во насловот имаат нешто поврзано со одредена песна или музички термин,такви чии ликови се опседнати со музика или во кои музиката игра многу битна улога. За махери, доаѓаат предвид и хранливи дела кои произведуваат звуци- можеби ролати на кои може да се свири како на флејта, или ксилофони направени од бисквити, а поврзани со некое книжевно дело.
Согласно овогодишната тема организаторите ги повикуваат сите оние кои умеат да свират или да пеат слободно да го донесат својот инструмент и да настапат анплагд пред „Пепер“.
Настанот, исто како и до сега, се организира волонтерски, без грантови и спонзорства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.