Факултетот за музичка уметност (ФМУ) – Скопје вечер од 20 часот со свечен концерт во фоајето на Националната опера и балет ќе одбележи 55 години од неговото основање.
На концертот ќе настапат студенти од класите на професорите Марија Муратовска Наумовска, Драган Даутовски, Зорица Каракутовска, Нинослав Димов, Марија Ѓошевска, Горан Начевски, Весна Ѓиновска-Илкова, Фросина Балова, Соња Здравкова-Џепароска, Искра Шукарова, Дарко Багески, Кристина Светиева, Сара Пројковска, Андријана Јаневска и Бобан Ковачевски.
ФМУ информира дека влезот за посетителите е слободен, но поради ограничениот број на седишта потребна е резервација на телефонскиот број 3134-345 или на електронската пошта fmu@fmu.ukim.edu.mk, заклучно до 16 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.