Здружението на филмски продуценти на Македонија МЗФП Скопје до 15 ноември го организира проектот „Европски филм за млада публика“ во рамките на кој ќе бидат прикажани три европски филмови во пет градови во земјава. Во рамките на истиот денеска во НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино ќе биде прикажан филмот „Други девојки“ . Филмот е за четири 18-годишни девојки, Џесика, Џени, Тару и Аино кои влегуваат во светот на возрасните губејќи ја невиноста, и на моменти, и нивната верба. Тие снимаат провокативни видео записи за нивните животи во времетраење од една година. Филмот се базира на вистинити настани.
Исто така, на 31 октомври во Неготино ќе биде прикажан и тинејџерскиот трилер „Враќањето на Хана“ во режија на Естер Бијалас. Истиот ден во рамките на проектот во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица ќе бидат прикажани филмовите „Други девојки“, „Враќањето на Хана“, како и германскиот филм „Тегла полна живот“ со актерката Јела Хазе. „Тегла полна живот“ беше претходно прикажан во Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ Свети Николе.
Проекциите продолжуваат и во Дом на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци и Домот на култура „Македонија“ во Гевгелија.
Преку овој проект сакаме да и презентираме на младата публика филмови кои се различни од холивудските и да ги запознаеме со културните вредности од европските земји, но и да им ја доближиме европската кинематографија, велат организаторите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.