Здружението на филмски продуценти на Македонија МЗФП Скопје од денеска (17.11) до 19 ноември го организира проектот „Европски филм за млада публика“ во рамките на кој ќе бидат прикажани три европски филмови во четири градови во Македонија. Во Неготино, Гостивар, Радовиш и Струга во два, односно три дена ќе бидат прикажани следните филмови:
– „Младешка осаменост“ – француски документарен филм, во режија на Клер Симон, 2018 година;
– „Крај мене“ – романски игран филм во режија на Теди Некула, 2017 година;
– „Стрикер (натрапник)’’ – швајцарски игран филм во режија на Питер Луизи, 2017 година
Преку овој проект сакаме да и презентираме на младата публика филмови кои се различни од холивудските и да ги запознаеме со културните вредности од европските земји, но и да им ја доближиме европската кинематографија.
Проектот е поддржан од Министерството за култура во рамките на манифестацијата „Млади Европејци“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.