Филмот „Номадленд“ беше прогласен за најдобар, а Клои Жао – за најдобра режисерка на синоќешното доделување на 93. Оскари, освојувајќи три големи награди на церемонија која се разликуваше од сите досегашни и се одржа два месеца подоцна од вообичаено.
Жао стана втора режисерка во историјата на Оскарите што ја доби златната статуетка – по Кетрин Бигалоу во 2009 година за „Шкафче на болката“.
Актерот Ентони Хопкинс доби „Оскар“ за главната улога во „Татко“, а Френсис Мекдормaнд – за „Номадленд“. За Хопкинс ова е втор Оскар по 29 години, кога доби за легендардната улога на Хектор Канибал (1991).
Од десетте номинации, „Менк“ освои само два оскара, за кинематографија и сценографија, најдобар странски филм е „Уште една тура“ од Данска, а најдобар документарец „Октоподот, мојот учител“ од Јужна Африка.
Ова се наградените со „Оскар“ за:
Адаптирано сценарио – „Надежна млада жена“ на Емералд Фенел (Promising Young Woman)
Оригинално сценарио – „Татко“ (The Father)
Интернационален филм – „Уште една рунда“ (Another round)
Актер во споредна улога – Даниел Калуја за „Јуда и црниот Месија“ (Judas and the Black Messiah)
Актерка во споредна улога – Ју Џунг Јун за „Минари“ (Minari)
Шминка и фризура – „Црната позадина на Ма Рејни“ (Ma Rainey’s Black Bottom)
Костимографија – „Црната позадина на Ма Рејни“
Режија – Клои Жао „Земја на номадите“ (Nomadland)
Звук и Филмска монтажа – „Звук на металот“ (Sound of metal)
Краток игран филм – „Двајца одалечени странци“ (Two Distant Strangers)
Краток анимиран филм – „Те сакам, и покрај се“
Долгометражен анимиран филм – „Душа“ (Soul)
Музика – „Душа“ (Soul)
Краткометражен документарец – „Колет“
Долгометражен документарец – „Мојот учител октопод“ (My Octopus Teacher)
Најдобри специјални ефекти – „Тенет“
Сценографија – „Манк“
Филмска фотографија – „Манк“
Најдобра песна – Fight for you на H.E.R (од филмот „Јуда и црниот Месија“)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.