Изложбата Celebrate Life/ Емоции за еден град на дизајнерот Горан Костовски – Ind.o.g. ќе биде поставена во галеријата „Акантус“ во Дебар Маало, со почеток во 20 часот.

Изложбата опфаќа илустрации што се цртани во периодот од 2014 до 2017 година. Секоја од нив засебно е карактер кој пренесува по некоја мисла за надеж и повторно оживување на самиот град, како и што претставува градот за луѓето и како тие би го подобриле во иднина. Илустрациите се инспирирани од реални ситуации од секојдневието и го коментираат загадувањето на воздухот во Скопје со ПМ10-честички, коишто во изминатите десет години е од два до четири и пол пати повисоко од граничните вредности пропишани од ЕУ за квалитет на воздухот. Загадениот воздух е токму темата што ќе ја обработува изложбата, а истата е инспирација и за новата капсулна колекција на дуксери што ќе биде промовирана во рамки на изложбата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.