На 18 април, со почеток во 20 часот, во “Колектив Галерија”, на плоштад Македонија, ќе биде отворена изложбата “Емо Азбука” на Гордана Винчиќ. На отварањето актерката Јелена Мијатовиќ, инспирирана од поезијата на Драган Таневски и изложените дела ќе изведе уметничка перформанца.

Азбуката и е, помистична од што можеме да предпоставиме. Според прастарите записи во манускриптите, секоја буква крие магично зборче кое може да инициира: богатство, просветлување и повраток од ”темнината”. Денешната азбука влече длабоки корења од хиероглифитe а пак тие од семитскиот систем.

Сакам да поттикнам кај гледачот љубопитност за мистиката на азбуката и емоциите кои таа визуелно може да му ги побуди. Со голите женски тела сакам пак да ја искажам сличноста на азбуката со женската мистика која често се спојува со емоциите.

Гледајки ги цртежите, вниманието на набљудувачот ќе му го земат и буквите, воден од својата асоцијативна представа ќе се подзамисли. Тие сликовито ќе го асоцираат на: личност, предмет, настан и слично а со тоа и ќе побудат цела палета на емоции, вели авторката на делата, Гордана Винчиќ.


Изложени се 31 цртежи на хартија изработени во техника јаглен и пастел во две димензии, 100х70 цм и 70х50 цм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.