Професорката Елка Јачева Улчар на својот фејсбук профил по повод необјавата на последниот стих од академик Петре М. Андреевски во работниот лист за онлајн настава за шесто одделение по македонски јазик напиша:

ПОРАКА ДО СЕГАШНИТЕ И ИДНИ ПРОФЕСОРИ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Драги Учители,
По мојата вчерашна импулсивна и емотивна реакција овде, со објавувањето на скусената верзија на песната ,,Кога ја љубев Дениција” од нашиот македонски големец Петре М. Андреевски, сакам да ви дадам еден совет за кој се надевам дека ќе го прифатите:
– ПРИ ПОДГОТОВКАТА НА ЧАСОВИТЕ КОРИСТЕТЕ ОРИГИНАЛНА ЛИТЕРАТУРА, а НЕ раскажани и прераскажани работи на ИНТЕРНЕТ!
Не сакам да мислам ни да верувам дека ПРОФЕСОР ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК што треба добро да знае што е оригинална творба си дозволил ваков ,,луксуз” да скратува авторско дело, зашто така бара од нас ПОЛИТИКАТА!
Пред идните поколенија Македонци имате СЕРИОЗНА, ТЕШКА, ОДГОВОРНА, МАКОТРПНА, но и многу БЛАГОРОДНА задача рамна на МИСИЈА – исто толку голема како и онаа на светите браќа Кирил и Методиј!
Тоа е НАШ ДОЛГ И НАШЕ ПРАВО – како што пред 120 години ни порача нашиот голем учител Крсте Мисирков!
На патот кон остварувањето на ова наше СВЕТО ПРАВО ја имате целосната поддршка од мене!
РАБОТЕТЕ ВРЕДНО, ЧЕСНО И ПОСВЕТЕНО!
Само така работата наша ,,триж плодна ќе биде и животот свој” (ТЕШКОТО, Блаже Конески)

Со многу љубов и почит,
Ваша,
Елка



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.