Кино Милениум и Кино Фросина во следните пет дена (од 5 до 9 октомври) ќе бидат епицентарот на 11-тото издание на ЕХО Фестивалот за планински филм.

Пред нас имавме голем предизвик оваа година да организираме класичен филмски фестивал, кој ќе обезбеди следење на филмската програма на големото платно, причините ги знаете сите, и поради тие исти причини го поместуваме малку порано фестивалот на почетокот од Октомври 2020 наместо вообичаено за нас резервираниот термин во месец Ноември, велат од организаторите на ЕХО Фестивалот.

Организаторите уверуват дека годинава ќе имат одлична филмска програма која нема да отстапи од курсот на ЕХО и пораката што ја пренесува.

Филмската програма на 11-тото издание на ЕХО Фестивалот за филм ја сочинуваат 29 филмови од автори од 15 земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.