Долгометражниот филм „Ефектот на среќа“ на Борјан Зафирски е прогласен за најдобар на Балканскиот филмски фестивал одржан во Поградец во Албанија.
„Ефектот на среќата“ на режисерот Борјан Зафировски од Македонија триумфираше на 11 -то издание на Балканскиот филмски фестивал во Поградец. Беше во конкуренција на 40 филски остварувања од Албанија, Македонија, Романија, Унгарија, Турција, Хрватска, Србија, Грција, Косово, Црна Гора, пренесува Ора њуз.
Во соопштението се додава дека дејството во „Ефектот на среќа” е сместено во Македонија, но приказната е универзална и е поврзана со личната потрага по среќа и по смислата на животот што се прашања кои се заеднички за сите луѓе без разлика од каде доаѓаат.
Филмот беше добро прифатен. Првпат сум на фестивалот во Поградец и ова е моја втора награда во мојата уметничка кариера. Поградец е мојот град на среќата, изјавил Зафироски, пренесува телевзијата.
Се посочува дека во изминатите пет дена Поградец бил „главен град“ на Балканот благодарение на овој настан што го организира Ено Милкани и Герта Кирку, со поддршка од Општина Поградец и други донатори.
Поградец по 11-ти пат беше успешен домаќин на оваа значајна културна манфестација која станува се попозната, попосетувана и со се поголемо учество. Посакувам и убеден сум дека оваа традиционална манифестација ќе продолжи со сестрана подршка на локалната власт, рекол Илир Џаколи градоначалник на Поградец.
Филмот на Зафровски е во продукција на „Ново Македонско Видео”, а најголемиот дел од буџетот е обезбеден од Агенција за филм на Република Македонија. Копродуценти се „Њу Момент“, „Видео Хаус анимејшн“, Национален центар за филм на Република Албанија и Центарот за филм на Косово
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.