Единаесет млади виолинисти од Македонија, Србија и Косово, придружувани од пијанистката Марија Вршкова, ќе настапат на седмиот концерт на млади виолинисти „Виолин фест“ кој вечер од 20 часот ќе се одржи во камерната сала на Филхармонија.

Целта на организирањето на концертот е да им се овозможи на младите виолинисти да музицираат надвор од обврските на своите училишта.

Организатор е Владимир Костов, концерт-мајстор на Филхармонијата, со поддршка од Министерството за култура. Влезот за посетители е слободен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.