Нема да се одложи Струмичкиот карневал поради појавата на еден пациент со корона вирус. Одлуката ја донел организациониот одбор во корелација со координативното тело од Скопје, од каде што не добиле препорака или одлука за откажување на манифестации и поголеми јавни собири. Како што кажа претседателот на организациониот одбор Александар Цицимов, Струмичкиот карневал ќе се реализира според предвидената програма.
На состанокот на организациониот одбор со градоначалникот ги разгледавме сите аспекти и го отворивме ова прашање. Од координативното тело од Скопје засега нема дадено забрана за одржување на било какви манифестации во земјава ниту пак ние добивме препорака. Бевме на линија и со нив и одлучивме да го тераме карневалот бидејки откажувањето ќе носи и поголема паника, кусо изјави Александар Цицимов.
Струмичкиот карневал започна синоќа. Главното дефиле е в сабота, кога по струмичките улици треба да поминат околу 1.500 карневалисти од земјава, но и од Бугарија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Грција, Словенија, БиХ и Германија. Поради вирусот во регионот само една карневалска група од Србија го откажа учеството, а останатите 16 странски групи ќе бидат дел од главното дефиле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.