Во малата сала на Филхармонија, вечер, 11 ноември, со почеток од 19 часот, ќе се одржи еден од двата финални концерти од манифестацијата Today it’s all about jazz, која оваа година поради актуелната ситуација се одржуваше етапно, преку неколку концертни вечери. Оваа вечер на сцената ќе се појават два моќни музички состави, сосема различни, но уникатни по својот состав и музички израз.

Нежниот баритон-вокал на беспрекорниот Џон Илија Апелгрен, придружуван од „Мартин Ѓаконовски Трио” и специјалниот гостин Кире Кузманов на алт саксофон/ флејта, се првите музички виртуози кои со прекрасните звуци на сентименталната џез музика ќе се претстават на сцената на Македонската Филхармонија. Тие пред публиката ќе го изведат материјалот посветен на врвниот американски џез пијанист Нет Кинг Кол. На репертоарот се дел од најубавите и не толку често изведувани џез композиции кои ги допираат најдлабоките човечки емоции.

Искусниот џез состав „Мартин Ѓаконовски Трио“ го сочинуваат: Мартин Ѓаконовски – на бас, Гордан Спасовски – на пијано, а на тапани овој пат Славчо Коцев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.