Албанологот проф. д-р Џеват Лоши и литературниот критичар, академик Али Алиу, годинава ќе ја понесат наградата „ 22 Ноември“.

Вака реши Одборот за доделување на државната награда ,,22 Ноември“, што се доделува на личности кои придонеле во унапредување на соживотот и разбирањето меѓу припадниците на различни етнички, културни и верски заедници. Одлуката е донесена согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди и Правилникот за работа на Одборот. Тој jа донесе одлуката на последната одржана седница.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 22 ноември (недела), на пладне, во Собранието на Македонија. Претседател нa Oдборот за доделување на наградата „ 22 Ноември“ е проф. д-р Гзиме Старова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.