Мошне влијателниот италијански историчар на уметноста, ликовен критичар и кустот Џермано Челант (Germano Celant), идеологот на движењето arte povera, почина во Милано на 80-годишна возраст од компликации кои настанале како полседица на инфекција настаната од коронавирусот.
Челанд починал во болницата Сан Рафаел во која, според италијанските медиуми, бил примен пред неколку недели. Почувствувал симптоми на коронавирус откако се вратил од Њујорк каде го посетил Armory Show.
Во 1997 година тој беше уметнички директор на Венециското биенале за уметност, а организираше и изложби во Гугенхајм и други големи музеи и галерии. Беше во уредничкиот тим на магазините „Artforum“ и „Intervju“… Во моментов беше уметнички директор на Прада фондацијата во Милано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.