Холивудската актерка Џејми Ли Кертис ќе ја добие наградата „Златен лав“ за севкупна креативност на 78-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција, што ќе се одржи во септември, соопштија организаторите.

За време на фестивалот, закажан за 1-11 септември, ќе биде прикажан најновиот филм со Кертис – „Halloween Kills“. Проекцијата ќе биде надвор од програмата за натпреварување. Неговата светска премиера ќе биде во октомври.

Директорот на фестивалот, Алберто Барбера, рече дека четиридецениската кариера на Кертис, пишувањето книга за деца и вклучувањето во добротворни цели ја става во „таа мала група холивудски актери кои најдобро ги рефлектираат квалитетите што се душата на глобалната филмска индустрија и нејзиното наследство“.

Меѓу наградените со „Златен лав“ за целокупната креативност се имиња како Тилда Свинтон, Педро Алмодовар и Ванеса Редгрејв.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.