Во просториите на Делегацијата на Европската Унија во Скопје (European House), на 5 и 6 февруари ќе се одржи дводневен семинар на тема „Поддршка на Европската Унија за културна соработка на Западен Балкан: Семинар за промоција и вмрежување“.

Настанот е организиран од Министерството за култура (Канцеларијата на Креативна Европа – потпрограма Култура) во соработка со Европската комисија (Генерален директорат ЕАК), Делегацијата на Европската комисија во Скопје, Канцелариите на Креативна Европа и претставници на културниот сектор од релевантните држави од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Црна Гора и соседните земји на овој регион, членки на Европската Унија: Грција, Бугарија, Словенија и Хрватска).

Главниот фокус на настанот е Јавниот повик – проекти за културна соработка на Западен Балкан од Програмата „Креативна Европа“ со акцент на комплексните регионални и европски културни политики, како и градење на капацитетите



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.