Културен настан со две детски претсави ќе се одржи пред Центарот за култура на Кичево, по повод 11 септември – Денот на ослободувањето на градот.
Ќе се изведе детската симфониска бајка „Петар и волкот“ во организација на Центарот за култура „Кочо Рацин“ Кичево, а со поддршка на Министерството за култура.
„Петар и волкот” е музичко дело напишано од Сергеј Прокофиев во 1936 година. Нараторот им раскажува приказна на децата, додека оркестарот ја илустрира така и децата се запознаваат со музичките инструменти и нивните карактеристики.
„Петар и волкот” е една од најпознатите дела на Прокофиев и едно од најчесто
изведуваните дела на целиот класичен репертоар – вели Маја Николоска Силјаноска од Центарот за култура во Кичево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.