Џезот е музички стил кој се појавил во почетокот на 20-тиот век во aфроамериканските заедници во јужниот дел на САД. Настанал со мешање нa африкански и европски музички традиции. Уште од раните почетоци, џезот црпел инспирација од американската популарна музика на 19-тиот и 20-тиот век. Долго време во заедницата на џезот се расправало околу неговата дефиниција и граница. Иако менувањето и трансформацијата што потекнува од новите влијанија се сметало како негова деградација, џез-музичарите често не сакале да ја дефинираат музиката што ја свират. Дјук Елингтон тоа го сумирал со зборовите: “Се е музика.”
Баш оваа музика која ја уживаат сите генерации во последните децении, деновиве ќе добие свое воздигнување во просториите на Бруклински Џез Бистро во Скопје. За време на следните две недели исполнети со квалитетно количество на разновидни звуци, ритми и музичари со богато искуство, Бруклински ќе ги отвори вратите за сите љубители на овој правец. Почнувајќи од 6 па сè до 16 февруари, на џез фестивалот ќе присуствуваат:
- 06.02 (среда) – SKOPJE JAZZ INC;
- 07.02 (четврток) – KABADAYAS;
- 08.02 (петок) – FILIP DIMISHKOVSKI TRIO;
- 09.02 (сабота) – SHAMBA JAZZ QUARTET;
- 13.02 (среда) – SHIKACHI ENSAMBLE;
- 14.02 (четврток) – IN THE MOOD;
- 15.02 (петок) – NEXT TO SILENCE;
- 16.02 (сабота) – ANDREA MIRCESKA TRIO
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.