Интерактивната театарска претстава на режисерот и автор Теа Беговска во четврток на 6 јуни во 21 часот во „Јавна соба“ ќе ја одбележи малата, но значајна јубилејна 20 изведба. Ова е театарски перформас кој зборува за човечката осаменост, за љубовта, за тоа колку се сакаме себе си, колку го сакам другиот до себе. Овој перформанс обработува миови од животот на еден човек, што прави кога е сам себе дома.

Актерската екипа е дел од самото трансформирање на претставата, самата по себе доживува сопствено екстензирање водејќи се од сопствените чувства, сопствените емоции во интеракција со публиката и нивната реакција при ваквата Pop UP изведба.

Сè во оваа претстава е отворено до степен што и актерите, но и гледачите можат да влијаат на текот на истата: со своето зборување. Но и со своето молчење. Поинаку кажано, нештата можат да се прифатат, но и не мора! Со својата вкупност и целина, овој перформативен чин сугерира и однос кон другиот во една најопшта смисла. Ако треба да се дефинира она што непрентециозно, но со шарм и скокотливост се одигрува пред нашите очи, тогаш тоа е меѓусебното “чешање” меѓу актерите и публиката. Ова чешање е и емотивно и рационално, шеговито, провокативно, комично, забавно…Музиката во претставата е на Енес Беговски, а без сомнение, талентираните актери кои ја водат играта овде се Надица Петрова, Дарјан Петров и Никола Кузелов.
Браво за малата и вредна екипа која освојува нови простори на изразување и буквално и метафорички. Предводени од режисерот Теа Беговска тие се втурнуваат во потрага по „златната рипка“, односно откривањето на тајните на актерската уметност, пишува Тодор Кузманов.

Она што ја прави оваа интераквна претстава посебна, е тоа што како таква е поканета на два исклучително важи театарски фестивали, во Словенија кој ќе се одржува во јули 2019, како и во Зимбабве, каде оваа претстава на англиски јазик ќе ја има својата интернационална изведба во октомври 2019.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.