Македонската опера и балет два пати била ограбена во изминативе дeсет дена, потврди директорот Васо Ристов за САКАМДАКАЖАМ.МК.
Крадецот или крадците влегле преку покривот од страната на паркингот на МОБ, и упаднале во канцелариите на сметководство и на правната служба на вториот кат.
Првата кражба се случила пред десет денови, а втората пред два дена. Во првата кражба од канцелариите на вработените во сметководство се украдени три компјутери, еден лаптоп и еден хард диск, а во втората од канцелариите на правната служба еден маус за компјутер и два рутера за интернет.
Оттаму додаваат дека во хард дискот има информации за целата финансиска состојба на националната институција.
Извор: СДК.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.