Два билети за доделување на Оскарите на 28 февруари 2021 година ќе бидат продадени на добротворна аукција во корист на фондот за борба против последиците предизвикани од коронавирусот.
Поканите ќе им овозможат на победниците и нивните придружници да се дружат со филмските sвезди на црвениот тепих на следниот Оскар и на забавата што ќе следува.
Од средината на април, голем број на sвезди се приклучија на кампањата „ Allin Challenge “ за да соберат повеќе од 100 милиони долари за разни програми за помош.
Минималниот износ за учество на аукцијата е 10.000 УСД, додека цената на стандарден билет за Оскарите може да достигне 50.000 УСД. Собраните пари ќе одат на оние кои се соочуваат со глад во криза предизвикана од вирусот на корона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.