Книгата со двете драмски дела „Слана / Јазол“ од младиот автор Душко Трифуновски ќе биде промовирана на 15 јули (четврток), во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. Во книгата, која е во издание на „Попули“, по првпат на едно место можат да се прочитаат двете драми на Трифуновски – „Слана“ и „Јазол“ – инаку веќе автор на романот „За два дена рече ’Да‘“. Станува збор за две драми што творат совршена целина и треба да се читаат како два дела на една иста приказна.
Душко Трифуновски е роден на 27.2.1997 година во Скопје. Средно образование завршува во СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“, како правен техничар, а дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, стекнувајќи се со називот професор по македонски јазик и литература. Паралелно се занимава со работата како наставник и со книжевна дејност, учествувајќи на разни конкурси и манифестации. Во 2015 година го објавува самостојно својот прв роман, „Слана“, и истата година за него добива награда за книга со трајни семејни вредности. Во 2016 година првпат објавува драмска преработка на романот и го носи истиот назив, за да покаже дека умее да трансформира еден род во друг. Во 2016 година го објавува електронски романот „За два дена рече ’Да‘“ на е-библиотеката „Македоника“ и истата година добива награда од УНЕСКО за најчитан роман на млад автор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.