Оперскиот пејач Игор Дурловски застана во одбрана на неговиот колега и некогашен соборец од редовите на „За заедничка Македонија“, актерот Владо Јовановски, за кого заменик министерот за култура, Владимир Лазовски на „Фејсбук“ напиша:
Не така оддамна, во едно лошо време, бевме под закана од гумени куршуми, бетонски плочи, БЕСЕЊЕ, убиства, ликвидација…
Истите тие заканувачи денес слободно можат професионално да креираат и да се изразуваат без никаква реваншистичка закана од нивните довчерашни жртви. Заедно, под ист покрив, во ист проект, на иста претстава под ист наслов, со ужасно вистинита последна реплика.
Ние тоа го гледаме и разбираме.
Се надевам и вие. Но очајнички тешко се соочувате со тоа, напиша Лазовски алудирајќи на вчерашната премиера на „Бесачи“, претстава во која по две години Јовановски се врати на сцената на МНТ.
Не така одамна, во едно лошо време Владо Јовановски беше жртва на политички прогон. Денес бесачите можат слободно да се изразат на ФБ извртувајќи ги фактите дека жртвата е насилник.
Владо е глумчиште, во мала улога беше голем, вам ви преостанува да пливате во океанот од измет кој сами си го создадовте, напиша Дурловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.