Македонскиот писател Димитрие Дурацовски на својот фејсбук профил објави став за промената на имињата на улиците во Струга.
Имено, новите имиња на улиците ја поделија Струга, граѓаните во смената на имињата на улиците препознаваат политика, а Дурацовски го предлага следново:
Овај долу на сликава е Шејмас Хини, оној светски познатиот поет Ирец и добитник на Нобелова награда за литература.
Дојде во Струга да го прими Златниот венец на Струшките вечери на поезијата.
Досега Златниот венец го добиле околу 55 светски поетски величини, добитници на Нобелова награда.
На одборниците на Општина Струга (бидејќи било на дневен ред промена на имиња на улици) им предлагам промената да ја направат така што улиците, плоштадите и мостовите и кејовите ќво Струга ќе ги именуваат со имиња на светски поети овенчани со Златен венец на Струшки вечери на поезијата.
Ги има од цел свет.
Со тој чин ќе бидеме единствен град во светот со имиња на славни поети.
А и нема да има шемата наши-ваши
И така меѓу добитниците има и ваши и наши, напиша Дурацовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.