Во понеделник (17. декември) во 20 часот ја затвораме изложбата „Духовите на Африка“ што посетителите можеа да ја видат последните два месеци. Ова е една од најуспешните изложби во Музеј на Македонија и по тој повод ја затвораме со пригоден настан.

Во рамки на настанот професорот Никос Чаусидис ќе го одржи предавањето насловено како „Африкански елементи во културното наследство на Балканот“, во кое ќе ги акцентира митските и симболичките елементи поврзани со Африка и коишто се присутни на балканското поднебје.
По предавањето Пенелопа Стаматоска од VR-port ќе го презентира 3D моделот на „Духовите на Африка“, кој ќе овозможи виртуелна прошетка низ изложбата дури и откако ќе биде затворена.
Исто така ќе се направи и презентација што ќе ја сумира изложбата и придружните настани поврзани со неа, а потоа ќе се одржи и последното разгледување на изложбата кое ќе биде проследено со африканска музика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.