Друштвото на писателите на Македонија со приемот на нови членови, го зголеми бројот за уште тринаесет писатели.

Бидејќи постојано ми се јавуваат и ме прашуваат, како Претседател на Собранието на ДПМ, еве јаво известувам дека вчера (8.4.2019 година) на седницата на Претседателството на ДПМ со јавно гласање на сите 11 членови на Претседателството беа избрани 13 нови членови од вкупно пријавените 47 кандидати.
Нови членови на ДПМ се: Петар Андоновски, Билјана С. Црвенковска, Славчо Ковилоски, Сузана В. Спасовска, Александра Јуруковска, Елизабета Бандиловска, Мерсиха Исмајловска, Снежана Стојчевска, Ели Маказлиева, Виолета Мартиновска, Ана Стојаноска, Марија Гиревска и Бранко Прља.
Честитки и добредојде за новите членови на ДПМ, а другите кандидати ќе мораат да почекаат некоја следна прилика на наредните избори за прием во ДПМ во наредните години, вели Христо Петрески.

Од писателската асоцијација информираат дека на јавниот повик за проширување на членството на Друштвото на писатели на Македонија во текот на месец март се пријавиле 47 кандидати.

Претседателството ги разгледа сите доставени материјали, ги проанализира според утврдените критериуми и спроведе гласање, на кое со мнозинство гласови се здобија: Андоновски, Петар; Бандиловска, Елизабета; Гиревска, Марија; Исмајловска, Мерсиха; Јуруковска, Александра; Ковиловски, Славчо; Маказлиева, Ели; Мартиновска, Виолета; Прља, Бранко; Спасовска, В. Сузана; Стојановска, Ана; Стојчевска, Снежана и Црвенковска, С. Билјана. Тоа се новите членови на ДПМ кои ќе бидат свечено претставени преку кус разговор и сегмент од творештвото на Книжевната вечер што ќе се одржи во просториите на ДПМ во понеделник, на 15 април, со почеток во 19 часот. Книгите што во процесот на аплицирање беа доставени во канцеларијата на ДПМ може да се подигнат секој работен ден во периодот помеѓу 9 и 12 часот, велат од ДПМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.