Македонскиот центар ИТИ/Продукција објави превод на македонски на драмскиот текст „Како зрно песок“ на италијанскиот драмски автор и театарски режисер Масимо Барила. Преводот од италијански е на Кристина Пешева-Диновска и е поддржан од Министерството за надворешни работи на Италија.
Како што наведува издавачот, „Како зрно песок“ е трогателна драма напишана на сицилијански дијалект; според вистински случај од 1980-тите години кога младиот ѕидар Џузепе под полициска присила ќе потпише дека е виновен за убиството на двајца полицајци. Драмата е ревизија на настанот преку длабоко трогателните монолози на ликот; Џузепе ги евоцира околностите и луѓето кои се дел од потресната приказна.
Авторот Барила е поет, сценарист и режисер и го води театарот „Мана Кума“ за кој има напишано и/или режирано повеќе претстави. Пишува социјални драми и е еден од најистакнатите креатори на современиот италијански социјален театар.
Според француското списание „Frictions“, тој е меѓу 10-те најзначајни италијански автори ангажирани за граѓански прашања. Автор е на многу необјавени раскази и поеми на италијански јазик и на калабриски дијалект. Има режирано и во Театарот Сиракуза во Режо Калабрија и е одговорен за културната област на фондацијата „Horcynus Orca“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.