Драмски театар Скопје оваа година ќе учествува на 7. Меѓународен театарски фестивал, в сабота на 28 септември со почеток во 20:00 часот, кој го организира Тетовски театар со претставата „Странци“ во режија на Нела Витошевиќ. Претставата ќе се изведе на големата сцена на театарот во Тетово, а влезниците за овој настан ќе бидат бесплатни.
Во претставата „Странци“ учествуваат актерите: Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ и Предраг Павловски. Драматург на претставата е Викторија Рангелова – Петровска, сценограф Костантин Трпеноски, костимограф Роза Трајческа – Ристовска, а музиката е на композиторот Огнен Анастасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.