Драмски театар Скопје денеска, 9 ноември, гостува на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав во Сараево со монодрамата на Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, „Кармен“. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, преводот е на Ненад Велковски, сценограф е Валентин Светозарев, сценски движења – Олга Панго, костимограф – Раде Василев, композитор – Горан Трајковски, фотографии и дизајн на плакат – Елена Бојаџиева.

Претставата „Кармен“ премиерно беше изведена на 21 мај годинава.

Биљана Драгиќевиќ – Пројковска е добитник на награда за најдобар актер за претставата „Кармен“ на Фестивалот на монодрамата во Битола 2021 година.

Фестивалот „РУТА групација Триглав“ е составен од шест театри од регионот: МГЛ Љубљана, Словенија, Театарот Улисис, Загреб, Хрватска, Камерен театар 55, Сараево, Босна и Херцеговина, Градски театар Подгорица, Црна Гора, Драмски театар Скопје, Македонија, и Белградско драмско позориште, Србија.

Основната цел на фестивалот е поврзување на шест репрезентативни куќи од поранешниот сојуз во естетска, репертоарска, но и организациона смисла. Ова претставува одлична можност театарските куќи да се презентираат и промовираат во регионот и секако да се направи пат за понатамошни ко-продукции или други форми на соработка.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.