Кармата е опасна работа. Пред пет-шест години тогашната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ покрена иницијатива за изградба на нов Драмски театар на местото на стариот, во кој и самата сцена ќе има далеку подобри технички перфоманси, како што веќе имаше новиот објект на МНТ. Освен тоа, образложението беше дека сегашните бараки се одамна дотраени, во дождливи денови претставите се играат со кофи на сцената, а актерите и публиката заслужуваат подобри услови.

Прво се бараше партнер за јавно-приватно партнерство, но немаше интерес. Потоа беше изработено ново идејно решение во модерен стил, па се направи главен проект и се извади целокупната документација. Се обезбедија пари за градба и се објави и заврши тендер, како за градба така и за надзор. Беше договорено за време на градбата ансамблот да ги игра преставите и пробите во новоизградениот Дом на културата во Кисела Вода. Сè беше готово и подготвено за започнување на работите, но се поклопи со почетокот на политичката криза, со Шарената револуција, изборите и на крајот со доаѓање на новата влада.

Уште во фаза на проект, 20-30 актери и други вработени протестираа против градбата на нов театар, бидејќи како што велеа сегашниот имал душа, дека „даските на сегашниот театар имале посебен мирис”, дека го чуствувале како втор дом и дека не сакаат нов театар, туку само реновирање на бараките на кои и покрај сите реновирања во минатото беше јасно дека им е одминато времето. На крајот владата притисната од сите страни, соочена со незадоволството на дел од актерите кои на прес-конференции се закануваа со жив штит за да го зачуваат сегашниот објект, наместо аплауз за потегот, доби критики, омаловажувања, етикети и закани.

На обезбедени пари во буџетот, на готов проект, на завршени тендери и потпишани договори со градежна компанија за градба на објектот и со потпишан договор за надзор на градбата, кога само во еден викенд требаше да се исели гардеробата и реквизитите и потоа багерите требаше да дојдат и да го урнат стариот Драмски театар, Владата одлучи да го одложи почетокот на работите за некоја недела и да ѝ го препушти на идната власт. Ако во тој период немаше притисок врз нив и ако само во два дена се извршеше селењето и третиот ден почнеше рушењето на дотраените бараки, ќе немаше можност за назад и градбата ќе мораше да тече и според договорот да заврши за три години.

За неколку месеци од сега, токму пред следните избори Зоран Заев со свеченост и многу медиуми, со или без легендарниот чочек, ќе го отвореше новиот драмски театар прикажувајќи го како свое дело, проект на неговата влада и од тоа ќе добиеше политички поени.

Актерите очигледно блиски до СДСМ тогаш прогласија “победа” и останаа да работат во театарот кој се распаѓа.

СДСМ без размислување како и многу други проекти на претходната влада го збриша од плановите овој проект, ги поништи склучените договори, парите ги пренасочи за набавка на лубриканти и слично и со задоволство ги остави актерите и публиката да уживаат во “мирисот на старите даски” во крајно мизерни услови.

Сега гледаме како драмски се распаѓа и паѓаат дури и стакла од прозорите со опасност да загрозат човечки живот, па мора да се предупредува луѓето подалеку да се движат од стаклата.

Карамта е кучка. Кога глумците водат и прават политика наместо театар ќе заокружуваат околу театарот и ќе молат Господ да не им падне и да не им се забие во главата некое големо парче стакло.

И ќе чекаат некоја друга влада полна со ентузијазам за градење, помагање и создавање.

Заев остана доследен на неговата “легендарна” изјава дека неговата влада нема да троши пари на музеи, театри и слични глупости. Театрите и музеите ги смести во рубриката на “глупости”. Не го догради ни театарот во неговиот град Струмица кој повеќе од пола беше готов кога ВМРО ја предаде власта во неговите раце.

Проектот за градба на нов театар на местото на Театар комедија (порано МНТ) кој беше готов и недостасуваше само избор на градежна фирма, исто така го стави ад акта. Прилеп и Охрид во програмата на ВМРО-ДПМНЕ од 2016 требаше да добијат нови објекти за нивните театри исто така останаа во старите. Но, нивните ансамбли се очигледно задоволни бидејќи не се слушна нивниот глас во овие речиси три години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.