Драмски театар Скопје ќе учествува на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав, кој се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина од 20 до 27 јуни годинава со претставата „Диши“.

Оваа претстава која е работена според текстот на Данкан Мекмилан, е во режија на Димче Николовски. Преводот на текстот е на Благоја Бошковски, сценографијата на Илија Николовски, а костимографијата на Раде Василев.

Улогите ги толкуваат: Јасмина Василева и Димитрија Доксевски.

НУ Драмски театар Скопје е еден од шесте театри од државите членки на овој фестивал од меѓународен карактер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.