Драмски театар Скопје, утревечер, на четврти октомври со претставата „Партија реми“ ќе учествува на Денови на македонската култура во Торонто, Канада, кои се одржуваат секоја година. Денови на македонската култура е организиран од Македонското театарско ќоше, организација која има за цел да ја промовира македонската култура на американскиот континент. Во претставата „Партија реми“ играат Ѓокица Лукаревски и Маја Вељковиќ Пановска. Автор на текстот е добитникот на Пулицеровата награда, Доналд Ли Кобурн, а режисер е нашата Виолета Џолева.

Во истата вечер, Драмски театар Скопје, со претставата „Како да се ограби банка“ ќе учествува на 11. по ред меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ кој се одржува во Крива Паланка. Претставата ќе се изведе на големата сцена на Центарот за култура во 20:00 часот, цената на билетот чини 50 денари.

Претставата „Како да се ограби банка“ е во режија на Иван Манасковски, а учествуваат актерите: Лазе Манасковски, Марија Кондовска, Гоце Тодоровски, Симон Манасковски, Катерина Шехтанска – Лаковски, Калина Наумовска и Игор Георгиев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.