Пред многу години му ветив на чичко ми Горан дека еден ден ќе ги преведам неговите драми на италијански јазик и благодарна сум им на сите оние кои ми помогнаа да го одржам ветувањето, напиша на социјалните мрежи Ана Стефановска, ќерката на нашиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски и внука на познатиот македонски драматург Горан Стефановски.
Таа додава дека првиот превод на делата на Горан Стефановски на италијански јазик е финансиран од страна на Министерство за култура и е реализиран во соработка со италијанската издавачка куќа Cue Press.
Се надевам дека реализацијата на овој превод ќе и овозможи на италијанската публика да се запознае подобро со македонскиот јазик, книжевност и култура, додава Стефановска.
Ана работи како професор по италијански јазик и литература во Ирска, а во слободно време и на дигитализација на делата на својот чичко Горан Стефановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.