Во пресрет на одржувањето на традиционалната поетска манифестација „Празник на липите“, Друштвото на писатели на Македонија распишува награден конкурс за најдобра необјавена песна што ќе биде прочитана на манифестацијата. Поетските дела не подлежат на никакви тематско-мотивски или стилски ограничувања, соопштуваат од ДПМ.

Според условите во соопштението, учество може да земат сите членови на ДПМ, а изборот ќе го изврши трочлена стручна комисија. Победничката песна ќе биде наградена на поетското читање во рамки на манифестацијата „Празник на липите“ што ќе се одржи на петти јуни оваа година.
Песната треба да се испрати во четири примероци на адреса: ул. „Максим Горки“, бр. 18, 1000 Скопје или преку електронска пошта на адресата prazniknalipite@gmail.com најдоцна до 25 мај 2019 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.