Во текот на месец март Друштвото на писатели на Македонија ќе прима апликации за членство.

Пожелно е апликантите да се творци на дела со забележлив критички одглас во јавноста и да се личности кои се посветени на развојот и афирмацијата на литературата во современото општество. Особено се поттикнуваат помладите автори на возраст до 35 години, како и книжевните творци кои пишуваат на јазиците на националностите. Апликациите за членство се упатуваат до Претседателството на ДПМ заедно со:
– примероци од најмалку три и најмногу четири авторски книги (доколку имаат повеќе објавени дела);
– био-библиграфија во која ќе се потенцираат сите постигнати успеси на книжевен план (критички осврти и награди, застапеност во списанија, антологии и избори, учества на книжевни фестивали и други манифестации, преводи и препеви на други јазици) и
– две препораки од истакнати писатели.
Апликациите, книгите и останатата документација може да се достават лично или по пошта во просториите на ДПМ на ул. „Максим Горки“ бр.18 (секој работен ден во периодот од 9 до 12 часот) или да се испратат во електронска форма (ќе се уважат и скенирани препораки со потписи и книги во ПДФ) на адресата drustvonapisateli@gmail.com .
Претседателството на својата редовна седница во април ќе ги разгледа пристигнатите апликации и по пат на гласање ќе ги избере кандидатите кои ги задоволуваат критериумите за избор. Појдовна точка за решенијата ќе бидат уметничките квалитети на понудените авторски дела и степенот на нивна препознатливост и потврденост во релевантните книжевни кругови, соопштуваат од писателската асоцијација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.