Рокот за аплицирање на годишните конкурси на Министерството за култура истекува в сабота напладне. Во тек се Годишните конкурси на Министерството за култура за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2022 година, што годинава првпат се одвиваат по електронски пат, соопштија од Министерството.

Годишните конкурси беа објавени на 4 октомври.

Изразуваме задоволство од заемната комуникација која е од полза за сите нас. Тековно ги решаваме отворените прашања со цел секоја апликација да е успешна и секој корисник лесно да го изврши пријавувањето. Како што најавивме, со оваа апликација се забрзува целиот процес – од пријавување до изготвување решение. Со затворањето и испраќањето на пријавата, секој корисник автоматски добива архивски број на неговата е-адреса. Така, можеме да информираме дека до денеска има пристигнато околу 600 пријави, велат од Министерството.

Од Министерството за култура апелираат апликантите навреме да ги поднесуваат пријавите со цел да има простор сите заедно, за евентуално решавање на извесен проблем доколку има можност тој да се исправи до крајот на рокот.

Детални информации на веб-страницата: www.konkursi.kultura.gov.mk

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.