Поранешните советници во министерството за култура Донка Барџиева Трајковска и Златко Теодосиевски, воемисијата „Отворено студио !“ проговрија за отказите кои неодамна ги добија од местото советници на министерот за култура.
Би сакала да ви одговорам, но верувајте и јас не го знам одговорот затоа што не добив од министерот никакво известување зошто нашите услуги не му се потребни. Добивме само еден формален допис, во кој се заблагодаруваат на досегашната наша работа. Јас се обидов да се јавам на министерот не ми одговараше. Се обидов да стапам во контакт со шефот на кабинетот, два пати не ми креваше слушалка, потоа се јавив од друг телефон, но не добив никакво дополнително објаснуавње, рече Барџиева-Трајковска.
На истата тема се надоврза и Теодосиевски, кој истакна дека не се обидел да го контактира министерот Асаф Адеми, водејќи се од ситуацијата со која се соочила неговата колешка, но и дека немале конфликти на работното место, бидејќи навремено ги завршувале поставените цели.
Имаше ако добро се сеќавам луѓе кое беа по договор на други работни места, на кои не ми се продолжи договорот. Еве јас не се ни обидов да го контактирам министерот ни неговиот тим, бидејќи тоа го направи Донка, која ми ги пренесе искуствата. Немавме конфликти, ги извршувавме поставените цели, го информиравме министерот за се што работевме, иако ретко добивавме повратен одговор. Сега испаѓа дека може и не бил задоволен од мојата работа, но логично ќе беше тоа да ми беше дадено до знаење, рече Теодосиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.