Документарниот филм ЏЕЗМЕН, на режисерот Аљоша Симјановски, ќе биде прикажан во Кино Одеон во Софија (бул. „Патриарх Евтимиј“ 1) на 5 ноември 2019 година, од 18:00 часот. По прикажувањето на документарниот филм во Софија следува проекцијата и во Пловдив („Lucky“ Дом на киното во Пловдив, ул. „Гладстон“ 1), на 6 ноември од 19:00 часот.

На премиерата на филмот во Софија, освен режисерот Аљоша Симјановски, ќе присуствуваат и продуцентот на филмот Љупчо Стојановски, како и извршниот продуцент Горан Цветковиќ. Тие ќе го претстават филмот пред софиската публика.

Во филмот учествуваат: Велибор Педевски, Милчо Левиев, Вадада, Лео Смит, Реџи Николсон, Реџи Воркмен, Ентони Брекстон, Сесил Тејлор, Брендон Рос, Греам Хејнс, Даг Вајзелман, Влатко Стефановски, Љупчо Поповски, Тимчо Апостолов, Марко Коловски, Оливер Белопета, Душан “Која“ Коиќ.

ЏАЗМЕН е проект – документарна сторија за живот посветен на уметноста на џезот, која ја раскажува ВЕЛИБОР ПЕДЕВСКИ, човекот своевиден фокус на збиднувањата на овој творечки феномен … , една од најпрестижните и најважните културни американски експорти што го освои светот, како своевидна мултикултурна уметност, но и како методолошка постапка и одредница на артистичката слобода.

Велибор Педевски новинар во Нова Македонија, Екран, Лик, Политика, Книжевна Реч, Поп – Рок, Вјесник, Студио, Џез Токио…Радио Скопје – прва и трета програма, Радио Белград, прва и трета програма, Судио Б /Белград?, Радио Загреб – трета програма… Човек со богато искуство, посветеност но и фантастична, безмалку аутистична меморија .. /може да одговори на секое прашање од областа на џезот/ знае точно со која постава настапувал Чарли Паркер во клубот Брдленд во 1939 година во Њујорк, или биографии и куп детали за плеада џез уметници од сите генерации.

Вистинско енциклопедиско азно и потик за овој документарен филм кој низ возбудливата и несекојдневно „лајв стори“ содржи и делови од дискусиите, коресподенцијата и естетски осврти кои ги имавме низ годините со Велибор Педевски, големиот познавач, проследувач и фокус на џезот, со кој во едно начелно се согласивме – дека иако многу се зборува и пишува за џезот, сепак малку и ретко се разбира и допира внатрешното битие на оваа уметност.

ВЕЛИБОР ПЕДЕВСКИ – БУКИНГ МЕНАЏЕР, ДИ ЏЕЈ, ПРОДУЦЕНТ, ЏЕЗ АРТИСТ ПРЕДАВАЧ НА КОЛЕЏОТ – New School University, New York – ПРЕДМЕТ СОВРЕМЕНИ ЏЕЗ ТРЕНДОВИ

УМЕТНОСТА НА ЏЕЗОТ – ГЛОБАЛЕН КУЛТУРЕН ПАТЕРН

Освен како израз, за џезот денес слободно може да се зборува како за глобален културен патерн, методологија, постапка која „заговара“ (не наложува) третирање на формата како глагол, при што како последица музичката содржина се деконструира и се ослободува од „ропството“ на совршените форми на класичната хармонија. Со тоа се отелотворува идејата дека формите на класичната хармонска прогресија не се доволно просторни и еластични за во нив да се вгради, изрази и смести врутокот и ритамот на новиот музички струења. Во контекстот на постмодерната теорија на идентитетот, неа ја карактеризира и продлабочува и модерната криза за релативната способност на традиционални музички форми да го восприемат новиот бран на глобален музички мултикултурен сензибилтет. Во потрага по излез од тоа „возвишено заточеништво“ музиката ја пронаоѓа својата нужност во Чарли Паркер, Сесил Тејлор, Орнет Колмен и останатите од плејадата на би-бап, фри концептот, кул џезот итн.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.