На 18 мај се одбележува Светскиот ден на музеите. По тој повод, а поради пандемијата со коронавирусот музеите ширум светот на различни начини ќе го одбележат денот.
Музејот на Македонија со пригодни содржини ќе го одбележи Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај. На You Tube-каналот на Музејот ќе бидат поставени повеќе документарни филмови во согласност со темата на годинешното одбележување – „Музеите за еднаквоста: Различност и инклузија“.
Преку овие филмови пошироката јавност ќе има можност да се запознае со културата на Македонците и другите етнички заедници што кохабитираат во нашата земја. На тој начин дел од разноликиот мозаик на етнолошкото наследство на Република Македонија ќе биде достапен за сите луѓе еднакво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.