На Меѓународниот фестивал за современи авторски бајки, што го организираше Издавачката куќа Феникс од Скопје, пристигнаа повеќе од 1.000 современи авторски бајки од над 300 автори од земјава и светот.

Жири-комисијата во состав: проф.д-р Христо Петрески, проф.д-р Милутин Ѓуричковиќ и Весна Мундишевска – Велјановска ги избра најдобрите современи авторски бајки кои се објавени во истоименото издание Современи авторски бајки.

Жири-комисијата, исто така, одлучи да ги награди авторите на најдобрите современи бајки и тоа: Ана Багрјана од Украина, Алицја Мариа Куберска од Полска, Шерзод Артиков од Узбекистан, Ранко Павловиќ од Босна и Херцеговина и Нехас Сопај од Република Македонија.

Овој фестивал и конкурс ќе станат традиционални и ќе се реализираат и во иднина. Организаторот е презадоволен од големиот број учесници, но и од квалитетот на современите авторски бајки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.