Првото издание на фестивалот Театарски европски алтернативи STURM UND DRANG заврши со претставување на 70 уметници од 11 држави. Театри, универзитети, студенти, професори, уметници од различни области беа дел од онлјан изданието на овој интренационален фестивал. Во рамките на фестивалот беа одржани бесплатни работилници за актери и режисери. Фестивалот доби поддршка од значајни и докажани имиња на театарската и уметничката сцена ширум Европа.
52 илјадна публика го посети фестивалот на социјални мрежи, интернет портали и фестивалските објави за сите настани.
Нашата публика со онлајн гласање во програмата „Нов бран“, ја додели наградата за Најдобар нов бран артист на Дарко Лешоски за песната „Марлон Брандо” посветено на Арбен Бајрактарај.
Ова ми е прв пат да се пријавам на конкурс. Има три причини. Првата причина беше е тоа што е анонимен, сакав да е тој што ќе ме чита да е необременет од моето име и презиме. Втора причина е што беше наведен селекторот Никола Маџиров кој длабоко го почитувам. И трета причина, и можеби најсилна, сакам да бидам искрен, е името STURM UND DRANG. Мене многу ми значи. Многу ми значат овие два збора. Дури и да ми е единствена оваа награда, навистина ќе ми е најдрага, изјави Лешоски.
Емир Хаџихафизбеговиќ ја додели наградата за Најдобра студентска претстава на Оддел за уметност – Универзитет во Краиов, Романија за претставата „Галеб”. Победниците се јавија со видео порака укажувајќи на важноста на овој фестивал и постоењето на независната сцена.
Жирито во состав Лилиа Абаџиева (режисер), Сашо Димоски (драматург и автор), Бењамин Барамович (актер) едногласно одлучија за наградите.
Наградата најдобар актер ја доби Пјер Муние за претставата „Искршено на делови“ на театарот Ла Бел Мениер од Франција. Пјер се јави со видео порака кажувајќи дека е пресреќен и дека му е многу жал што не е во Скопје заедно да наздравиме. И се надева дека во блиска иднина овој значаен фестивал ќе се случи во живо.
За најдобар режисер наградата ја доби Драган Живадинов за претставата „Одило. Помрачување. Ораторија“ во продукција на Словенечки Младински Театар и Кино Шишка, која беше наградена и за најдобра претстава.
Теа Беговска, креаторот на фестивалот им се обрати на сите учесници изразувајќи благодарност и желба овој фестивал во иднина да биде важен, а не да биде голем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.