Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Културно Информативниот Центар, КИЦ од Скопје на 18.12.2018 година во салонот Империал 1 во Културно информативниот центар, КИЦ во Скопје ја отвори изложбата со наслов „Мал формат“ .


На оваа изложба учествуваа 48 автори членови на Друштвото на ликовни уметници на Македонија чии дела се изработени во последните две години, а ги опфаќаат сите ликовни медиуми. На изложбата беа доделени повеќе нагади и тоа
Друштвото на ликовни уметници на Македонија наградата за сликарство му ја додели на авторот Стефан Хаџи Николов, за графика на авторот Срѓан Миќиќ и за скулптура на авторот Златко Бојковски.


Културно Информативниот Центар КИЦ исто така додели неколку награди и тоа
Наградата „Константин Мазев Коце“ на авторот Филип Фидановски
Наградата „Вангел Коџоман“ на авторот Мирослав Мишо Вељковиќ
Наградата „Адем Кастрати“ на авторката Марија Мицова Гацова
За сите љубители на уметноста изложбата ќе биде отворена до 28.12.2018 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.