Македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов синоќа во Берлин се натпреваруваше за престижната наградa, позната како европски Оскар, на Европската филмска академија (ЕФА) во категоријата филмот за најдобар документарец. Во оваа категорија, наградата отиде кај филмот „За Сама“.

„За Сама“ го следи животот на Сиријката Ваад ал-Катеаб, една од режисерките на филмот, за време на петгодишната војна во Алеп, кога ја добила ќерката Сама.

„Медена земја“, за конкуренти ги имаше “Сведоците на Путин“ „За Сама“ , „Исчезнувањето на мојата мајка“ и „Селфи“ . „Медена земја“ и приказната за Атиџе, последната жена одгледувач на диви пчели во Европа, е вбороена и меѓу најдобрите филмови на годината од „Њујорк тајмс“ како и од списанието „Арт форум“, и e македонски кандидат за Оскар во категоријата најдобар странски филм за 2020 на Американската филмска академија.

Номинациите за 92. доделување на Оскарите ќе бидат објавени на 13 јануари, а свеченоста е на 9 февруари.

На филмските награди годинава, апсолутен триумф на филмот „Миленичка“, кој освои седум награди, за комедија, шминка, костимографија, монтажа, кинематографија, сцвенарио, главна женска улога, режија и најдобар филм. Оливија Колман претходно освои „Оскар“ за главна женска улога, а филмот годинава беше номиниран во десет категории.

Антонио Бандерас ја доби наградата за најдобар актер за улогата во „Болка и слава“ на Педро Амодовар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.