Германскиот режисер со турско потекло Фатих Акин, чии филмови се исклучително познати и омилени кај македонската публика попладнево пристигна во Битола како специјален гостин на 40. ИФФК „Браќа Манаки“.
Акин е добитник на награди како „Златна мечка“ во Берлин (2004) и „Златен глобус“ за најдобар филм од странско говорно подрачје (2017).
Акин го пречека директорката Гена Теодосиевска и му посака топло добредојде на фестивалот, откако тој од аеродромот во Скопје стигна во Битола. Тој се заблагодари за поканата и рече дека одамна сакал да дојде на „Браќа Манаки“ и дека веќе се чувствува пријатно во Македонија како да е дома.
Утре (17 септември) во рамки на фестивалската програма ќе се одржи разговор со него и со Рајнер Клаусман, кинематограферот кој работи само со Акин.
Него уште го нарекуваат и германското „лошо момче“ (enfant terrible) од турско потекло. Вечно насмеаниот Акин освен што е режисер е и сценарист, продуцент, актер, а некои велат и извонреден ди-џеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.