Доајенот на спортското новинарство Зоран Михајлов утре ќе ја промовира својата книга „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“, во којашто тој се навраќа на некои од најинтересните и највозбудливи моменти од неговата петдецениска кариера.

Во издание на „Арс либрис“, дел од „Арс ламина-публикации“, во книгата можат да се најдат и помалку познати приказни за успесите на македонските спортисти, како и за средбите со светски спортски асови.

Од прва рака, легендарниот спортски коментатор сведочи за важни спортски, но и историски моменти и се сеќава на најзначајните личности, натпревари, првенства и олимпијади, што ги следел како новинар-коментатор во својата 55-годишна кариера, се вели во најавата на книгата.

Промоцијата ќе се одржи утре во 11 часот, во салата за конференции во арената „Борис Трајковски“, при што ќе биде прикажан и краток документарен филм посветен на Михајлов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.