Уште десет дена јавноста ќе има можност во Археолошкиот музеј во Скопје да ја види ексклузивната меѓународна изложба „100 години Требениште“ на која се изложени околу 400 вредни артефакти.

Оттаму информираат дека 10.000 посетители кои ја посетиле оваа изложба од отворањето до сега, најмногу го привлекоа четирите златни маски т.е. одразите на ликови од непознати владетели втиснати во златна фолија, но восхитеноста не изостануваше и од изложениот накит од злато, сребро и килибар, ексклузивните садови изработени од сребро и стакло, керамика итн.

Изложбата „100 години Требениште“ беше долго подготвувана и организирана во соработка со Народниот музеј во Белград и Националниот археолошки институт и Музеј во Софија, каде што ќе гостува во наредните две години како заеднички проект на трите држави.
Интерес има и во Париз, Берлин, Загреб и Виена, како и во други градови за кои дополнително ќе информираме по затворањето на изложбата на 31 август.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.